Анџелина Џоли: "Би сакала моите деца да ги видам во Холивуд"

Точка

12/09/2017

11:42

1.883

Големина на фонт

а а а

Анџелина Џоли искрено се надева дека еден нејзините деца ќе влезат во водите на шоу бизнисот. Анџелина присуствуваше на премиерата на нејзиниот филм, “First They Killed My Father” на Филмскиот фестивал во Торонто, чиј извршен продуцент е нејзиниот 16 - годишен син Медокс Џоли - Пит.

Медокс и неговиот помал брат Пакс Џоли - Пит, кој има 13 години, присуствуваја на овој настан заедно со нивната мајка. Па, дали тоа значи дека Медокс е заинтересиран оваа работа? Анџелина искрено се надева. 


“Медокс работеше навистина напорно. Тоа зависи од него”, сподели Анџелина. “Филмот е доста важен за него, па се надевам дека да”.

Во март 2002 година, Анџелина го посвои 7 месечното бебе Медокс од сиропиталиште во Батамбанг. Години подоцна, дуото мајка и син се вратиле во Кмабоџа за да го започнат снимањето на филмот.

Кога Медокс ја запрашал Анџелина дали тој и неговите другари може да спијат во куќата која ја купила во 2002, 42 - годишната рекла, “Тоа го немав слушнато од него на таков начин. Не можеш да форсираш. Не можеш да речеш, “Нели ова е одлично?” Мораш да најдеш начин да ги донесеш тука, да им го поставиш пред нив и да се надеваш дека ќе бидат горди и ќе чувствуват комфорт”.

Исто така, Анџелина изјави дека би сакала нејзините деца во иднина да соработуваат заедно на некој проект. “Можеби сонувам, но ако сум се уште во овој бизнис, би сакала да работам со моите деца ако тие одлучат да навлезат во овој бизнис”.


Анџелина изјави дека се надева дека нејзините деца ќе го работат за тоа што мечтаат. Таа вели дека кога и да оди на хуманитарни патувања тие секогаш сакаат да присуствуваат и дека таа не ги присилува на нешто што не би го посакале во животот.

First They Killed My Father ќе се прикажува во кино салите од 15 септември.




Спонзорирани линкови

Маркетинг