Најавите се остварија: Вардар купи фантастичен голгетер како големо засилување за Лига Европа!

Дерби

31/08/2017

12:44

3.920

Големина на фонт

а а а

Македонскиот шампион Вардар оваа есен ќе го има најголемиот предизвик во клупската историја, бидејќи составот предводен од Чедомир Јаневски ќе има за задача да игра во групната фаза на Лига Европа, натпреварување кое до пред неколку години се сметаше дека е недостижно за било кој наш клуб.

Благодарение на добрата структура и работата во измиантиот период, Вардар сосема заслужено се избори за историски успех и пласман во најмасовното натпрерварување на стариот континент, но она што посебно радува во овој момент е тоа што нашиот првак не планира да застане тука. „Црвено-црните“ се свесни дека Лига Европа бара засилување на составот и зајакнување на силите, па така точно напладне излегоа со официјална потврда за ангажман на феноменалниот голгетер, Максим Максимов.

Дваесет и едногодишниот руски напаѓач стави потпис на тригодишен договор со Вардар, а како што веќе најавивме, Максимов досега настапуваше за литванскиот клуб Тракаи каде беше неверојатно добар во квалификациите за Лига Европа со скор од фасцинанти седум постигнати голови.

– Знам за Вардар дека е голем клуб и дека во последните години е редовен шампион на Македонија. Клубот секогаш оди на титула, на највисок пласман, а оваа година стигна и до најголемиот успех во историјата со пласманот во групната фаза од Лигата на шампионите. Од оваа сезона очекувам да ја одбраниме титулата во првенството, да освоиме што е можно повеќе бодови во групата во Лигата на Европа, зошто да не и да продолжиме понатаму во следната фаза, – истакна Максимов за офиицијалната страница на Вардар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг