Паулињо претставен на „Камп Ноу“, пораката која ја испрати ќе ги врати насмевките кај навивачите

Дерби

17/08/2017

22:08

975

Големина на фонт

а а а

Бразилскиот играч од средниот ред, Паулињо денес и официјално беше претставен пред јавноста на „Камп Ноу“, каде потпиша четиригодишен договор со „каталонците“.

За овој трансфер Барселона плати 40 милиони евра, а фудбалерот даде изјава во која посочи дека пристигнал на „Камп Ноу“ да освојува трофеи, што сигурно ќе им ја врати насмевката на фановите на „каталонците“, по двата порази од Реал Мадрид.

-Ова е многу посебен момент за мене. Благодарен сум на клубот кој до крај се бореше за мојот потпис. Ќе се обидам да вратам на добрината со добри игри. Дојдов во Барселона да се борам за трофеи,- изјави Паулињо.

Бразилецот се одлучи да го носи дресот со број 15, идентично како и во бразилската репрезентација. Тој е трето засилување за Барселона ова лето, претходно пристигнаа Жерар Деулофеу и Нелсон Семедо.



Спонозорирани линкови

Маркетинг