Елвис Присли почина пред 40 години: Наместо велосипед добил гитара и така започнало сѐ

Точка

16/08/2017

14:10

1.395

Големина на фонт

а а а

Кралот на рокенрол, Елвис Присли, почина пред 40 години, а годишнината од смртта на славниот музичар се одбележува цела оваа недела.

Елвис Присли е роден во 1935-та година во релативно сиромашно семејство во Тупел, на југот од Мисисипи. Татко му бил надничар, а мајка му кројачка, па за 10-тиот роденден наместо велосипедот за кој сонувал, ги преколнувал и го посакувал добил гитара од осум долари - велосипедот бил прескап за нив. 

Во 1948-ма година се преселиле во Мемфис каде што Елвис ја снимил првата плоча на деветнаесет години и веднаш станал ѕвезда. 


За време на службата во војска, во германскиот Фрајдберг (1958-1960) ја запознал, тогаш 14-годишната Американка, Присила. Се венчале во 1967-ма година и набрзо ја добиле ќеркичката Лиса Мери Присли. Елвис и Присила се развеле во 1973-та година, а причината била неговата зависност од таблети за спиење и седативи, како и тоа што воопшто не му посветувал време на семејството. 


Меѓу неговите бројни хитови се: "Suspicious minds", "Love me tender", "Jailhouse rock", "Blue suede shoes", "Heartbreak hotel" ,"It’s now or never", "Are you lonesome tonight", "All shook up", "Can’t help falling in love", "Hound dog"...


Последниот настап го одржа на 26-ти јуни во 1977-мата година во Индијанаполис пред 20.000 луѓе, бил изобличен од дебелина, а само еден ден пред неговиот следен концерт, на 16-ти август во 1977-мата година беше пронајден мртов во тоалетот. Лекарите потврдија дека станува збор за фатална срцева аритмија, потпомогната од дебелината и злоупотребата на различни супстанции. Последната негова песна, "Way Down" ја сними само неколку дена пред да почине.


Елвис, со заработка од 27 милиони долари беше на четвртото место според "Forbs" и нивната листа на мртви славни личности со најголеми заработки (податок од минатата година), а неговиот имот на Грејсленд го имаат посетено повеќе од 20 милиони луѓе од 1982-ра година, кога бил отворен за јавноста па му носи заработка на Мемфис од околу 150 милиони долари годишно. 


Цела оваа недела се одбележува 40-годишнината од смртта на Елвис Присли. Во Грејсленд се организираат аукции, бдеење, забави, концерти на кои доаѓаат фанови од целиот свет, а организаторите велат дека оваа година посетата ќе биде најмасовна.




Спонозорирани линкови

Маркетинг