Душко Весковски: И по ударот кој ни го нанесе Стевче на почетокот на неговиот неславен мандат, повторно си го враќаме Бастионот на СДСМ - Карпош

Точка

16/08/2017

12:15

9.875

Големина на фонт

а а а

"По промените кои што ќе се случат веќе есенва на 15 – ти октомври се обврзуваме дека ќе го намалиме загадувањето и ќе се заложиме за квалитетен воздух и живот. Граѓаните ќе ги вклучиме во донесувањето на одлуките каде заедно ќе го штитиме јавниот интерес. Зелените површини и паркови ќе ги обновиме, бидејќи тие се симболот на Општината. Ветуваме, Карпош повторно ќе биде чиста и зелена општина!", изјави Душко Весковски.

Работите како раководител во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Кажете ни нешто повеќе за описот на вашиот професионален ангажман

Многу добро се сеќавам на моите почетоци со работа во Меморијалниот центар, адвокатската канцеларија Мизрахи ме препорача да волонтирам во центарот и да работам на прашања од денационализација на Еврејскиот имот во Скопје, Битола и Штип. Веќе 11 години сум тука од 12.12.2007 година. Најпрвин како волонтер во центарот а денес како раководител во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Прекрасни моменти и сеќавања имам уште од првиот ден, денес Еврејската заедница во Македонија ја чувствувам како дел од моето семејство. Меморијалниот центар не е класичен музеј, во него се одвиваат едукативни програми како за најмладите така и за професорите од Македонија и регионот, одржуваме семинари, конференции, работилници, проекти со дипломатските преставништа и државата Израел. Издаваме книги, зборници, научни трудови кој се однесуваат на животот, културата и традицијата на Евреите од Македонија и црната страна од историјата а тоа е холокаустот на Македонските Евреи.



Спомнавте дека работите 11 години во Музејот на холокаустот, кој беше патот да стигнете тука? 

Се уште ги немав завршено правните студии на Правниот факултет во Скопје “Св Кирил и Методиј“ а веќе започнав со волонтерска работа во центарот. Од првите денови имав можност да работам со прекрасни луѓе и еве до денеска професионално сум ангажиран како дел од тимот на Музејот на холокаустот. Своето образование го започнав во основното училиште „ Лазо Трповски“ во Карпош, средно училиште завршив во гимназијата „ Никола Карев“ исто во Карпош. Потоа заминав на правните студии на правниот факултет „Јустинијан I “, денес сум магистрант на катедрата за Менаџмент на човечки ресурси на факултет "Блаже Коневски" во Скопје. Буквално целото мое детство го поминав во Општина Карпош со прекрасни спомени од моите средношколски денови.


Член бевте на извршниот одбор во Карпош а пота претседател на општинската организација на СДСМ во Карпош. Кажете ни повеќе за Вашиот политички ангажман. 

Моите почетоци во политиката беа по завршување на средношколските денови, најпрвин како дел од младината на СДММ, потоа член на извршниот одбор на СДСМ Карпош, за во 2013 година да го добијам мандатот да ја водам Општинската организација на Карпош во најтешкиот период за партијата во моменти кој беа најтешки за нашите симпатизери и членови, но сите тие останаа доследни на партијата. И по ударот кој ни го нанесе Стевче Јакимовски на почетокот на неговиот неславен мандат денес повторно си го враќаме Бастионот на СДСМ а тоа е Општината Карпош.



Споменавте дека на последните парламентарни избори на ниво на Општина Карпош бил регистриран најдобар резултат во историјата на СДСМ

На последните избори СДСМ во Карпош имаше историски резултат, победа од 21.680 гласа над ГРОМ и ДПМНЕ во Карпош. Или околу 7000 гласа разлика. Сето тоа благодарение на тешкиот пат по кој чекоревме ние членството во Карпош, сите заедно но и високата свест на жителите на Карпош кој знаат да ги казнат сите погрешни политики во изминатите години.


Важите за најсериозен кандидат на СДСМ на престојните локални избори. Вашето име најчесто е споменувано во медиумите како можен против кандидат на актуелниот градоначалник Стевче Јакимовски 

Јас својата кандидатура ја имам поднесена во централата на партијата. Се уште немаме конечна одлука, убеден сум дека партиското раководство ќе ја донесе вистинската одлука.

Но Карпош заслужува повеќе!

Заедно го браневме зеленилото, протестиравме, се спротиставивме на лошите политики на Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ. Сега заедно ја креираме Програмата за зелена, урбана и функционална општина. Знам дека само единствено сите заедно ќе успееме и ќе ја вратиме Општината во рацете на жителите на Карпош.



Доколку бидете предложен за кандидат на СДСМ на локалните избори што може да очекуваат граѓаните на Карпош од Вас и Вашиот тим? 

Јас ја поднесов мојата кандидатура заедно со Програмата за промени во Општина Карпош. По консултациите со членството на СДСМ, младите, граѓаните увидов дека е време за ваков чекор. Поддршката ја црпам од базата, од мојот тим на соработници и од граѓаните кој секојдневно ме потсетуваат дека не смееме да застанеме на половина пат. По промените кои што ќе се случат веќе есенва на 15 – ти октомври се обврзуваме дека ќе го намалиме загадувањето и ќе се заложиме за квалитетен воздух и живот. Ќе направиме ревизија на сите донесени ДУП – ови во последните четири години, а граѓаните ќе ги вклучиме во донесувањето на одлуките каде заедно ќе го штитиме јавниот интерес. Зелените површини и паркови ќе ги обновиме, бидејќи тие се симболот на Општината. Ветуваме, Карпош повторно ќе биде чиста и зелена општина!


Локација: Бистро бар Барбакан



Спонзорирани линкови

Маркетинг