Голеада на „Викариџ Роуд“: Ливерпул во 90. минута остана без целиот плен кај Вотфорд (Видео)

Дерби

12/08/2017

15:49

904

Големина на фонт

а а а

Во текот на вчерашниот ден се отвори новата сезона во Премиер лигата и тоа со седум голови на пресметката меѓу Арсенал и Лестер (4-3), а таа ефикасност продолжи и денеска каде на премиерата меѓу Вотфорд и Ливерпул паднаа шест погодоци за конечни на крајот 3-3.

Како што кажуваа и самиот резултат имаше многу возбудувања, пресврти за да приказната заврши со гол на Бритос во 94 минута за реми. Имено во првиот дел домаќините два пати водеа, прво Окака отвори во 8 минута, по што Мане по една прекрасна комбинација го израмни резултатот на 1-1 во 29 минута.

Сепак овој резултат не беше премногу активен на семафорот и за тоа се погрижи Докуре во 32 минута. 

Во вториот дел Ливерпул беше подобар противник и во рок од две минути (55-57) направи комплетен пресврт преку Фирмино и Салах. 

Се навестуваше оти трите бода заминуваат кај „црвените“ меѓутоа во последните мигови по една мешаница најдобро се снајде Бритос и донесе голем бод за четата на Силва.



Спонозорирани линкови

Маркетинг