Ако Ким нареди, овој човек ќе ја започне нуклеарната војна: Севернокорејскиот генерал кој ќе го стисне копчето за лансирање

Точка

12/08/2017

15:46

7.160

Големина на фонт

а а а

Тој е секогаш покрај Ким Јонг Ун и го следи како сенка, од свечените лансирања на ракети па се до грандиозните воени паради. Генералот Ким Рак Ѓом често се смее и се шегува со своите подредени, но исто како и севернокорејскиот лидер, тој е многу поопасен од што изгледа.

Се верува дека командантот на ракетните единици на Војската на Северна Кореја го држи прстот на копчето за лансирање на 60 нуклеарни ракети, колку што таа земја би можела да има. 

Неколку часа откако Ким се заканил со ракетирање на пацифичкиот остров Гуам, воедно и американска територија, Доналд Трамп најавил "оган и бес" ако тоа се случи, а Рак Ѓом отишол чекор понапред, нарекувајќи ги изјавите на Трамп бесмислици, а него сенилен човек.

"Дијалог со таков човек не е можен. Нашиот план за напад ќе биде готов до средината на октомври. Ќе лансираме четири ракети, истовремено. ќе бидат потребни 17 минути и 45 секунди да дојдат до својата цел - 38 километри од Гуам", рекол генералот. 

Позицијата на десната рака на Ким Јонг Ун носи и предности и недостатоци. Во февруари, во време на пропаднатите тестови на балистичките ракети, се зборувало дека Рак Ѓом никој не го видел цели шест месеци. Генералот се појавил еден месец подоцна, за време на лансирањето на ракетите кои биле вежба за напад на американската база во Јапонија. 



Спонозорирани линкови

Маркетинг