Заострување на односите: Администрацијата на Трамп расправа за воена операција во Венецуела, од таму велат: "Тоа е чин на лудило"

Точка

12/08/2017

11:31

1.019

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот рекол дека САД не исклучуваат воена операција за да ја решат состојбата во Венецуела. Веднаш реагирал венецуелскиот министер за одбрана, кој изјавата на американскиот претседател ја нарекол лудост.

Американскиот претседател нагласил дека воената опција е една од многуте за кои разговарале членовите на администрацијата во петокот, во неговото голф одморалиште во Бедминстер, Њу Џерси. 

"Луѓето патат и умираат. Имаме многу опции за Венецуела, вклучувајќи и воена ако е потребно", рекол Трамп пред новинарите. Покрај него биле и Рекс Тилерсон, Ники Хејли и Х.Р Мекмастер. 

Венецуелскиот министер за одбрана оваа изјава ја нарекол лудост.

"Тоа е чин на лудило, чин на врвен екстремизам", рекол министерот Владимир Падрино, реагирајќи на изјавата која неколку часа претходно ја дал Доналд Трамп. 

Падрино ја осудил "екстремистичката елита која владее со САД" и порачал дека во случај на агресија сите ќе бидат во првите редови за да ги бранат интересите и суверенитетот на Венецуела.

Повеќе од 120 луѓе биле убиени, а илјадници уапсени во нередите во таа земја. 




Спонозорирани линкови

Маркетинг