Денес напладне продолжува тензичната собраниска расправа за разрешување на Зврлевски

Макфакс

12/08/2017

10:42

913

Големина на фонт

а а а

Собранието денеска напладне треба да ja продолжи шестата седница на која се расправа за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

Предлогот за разрешување на Зврлевски е поднесен од Владата поради, како што се наведува во образложението, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата. Исто така, во документот се наведува и дека Зврлевски со своето однесување и дејствување покажал дека не е способен за извршување на функцијата, како и поради тоа што не поднел барање за покренување кривична постапка за случаи предвидени со закон и нарушување на угледот на функцијата.

Барањето на Владата, за пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, е неосновано и неаргументирано. Тие се повикуваат на членот 8, а од Изборниот законик со кој, како што велат, е истакнато дека сите постапки за назначување и разрешување функционери несмеат да се случуваат кога се објавени избори.


На моменти, на вчерашната седница имаше и тензична атмосфера, особено меѓу 19 и 20 часот, кога пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се собраа околу говорницата спорејќи со претседателот на Собранието, Талат Џафери, а Илија Димовски ја извлече картичката на собранискиот спикер, по што тој повика обезбедување, а потоа даде едночасовна пауза.

Инаку, Собранието го чека мислењето од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), која на барање на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, треба да се изјасни околу примената на членот 8-а став 1 алинеја 4 од Изборниот законик во врска со расправата за разрешувањето на Зврлевски, односно дали законодавниот дом може да расправа по оваа точка во период кога се рапишани локалните избори кои треба да се одржат на 15 октомври.

Членовите на Антикорупциската комисија, како што информираа од Комисијата, во понеделник се враќаат на работа, по годишните одмори, кога се очекува да го разгледуваат барањето и да дадат мислење.



Спонозорирани линкови

Маркетинг