Кинески медиуми: Ако Северна Кореја нападне прва, ќе бидеме неутрални, но ако тргнат САД, ќе ги сопреме

Точка

11/08/2017

16:08

11.902

Големина на фонт

а а а

Ако Северна Кореја ги нападне САД, Кина треба да остане неутрална, но ако САД нападат први и се обидат да го турнат режимот на Ким Јонг Ун, Кина тоа ќе го сопре, пишува весникот на кинеската влада.

Претседатетлот Доналд Трамп во четвртокот ја заострил реториката кон Северна Кореја, предупредувајќи го Пјонгјанг да не помислува на напад на Гуам, "бидејќи ќе им се случат работи за кои не мислеле дека се можни". 

Кина, најважниот сојузник и трговски партнер, неколку пати повикала на мир во сегашната криза и изразила незадоволство поради севернокорејските нуклеарни тестови, но и од однесувањето на САД и Јужна Кореја, за кои смета дека креваат тензии. 


Државниот весник "Global Times", зад кој стои Комунистичката партија, напишал , напишал дека Пекинг не успева да ги увери ни Вашингтон ни Пјонгјанг да ги намалат тензиите. 

"Треба на сите страни да им биде јасно дека кога нивните потези ќе ги загрозат кинеските интереси, Кина одлучно ќе одговори", пишува весникот кој не го претставува официјалниот став на владата. 


Кина одамна стравува дека судир на Корејскиот полустров, или војна каква што била Корејската од 1950-1953., би можела да започне бегалски бранови кои би тргнале кон Кина. 

Пекинг смета дека Северна Кореја е корисна тампон зона меѓу Кина и американските сили стационирани во Јужна Кореја и Јапонија. 


Global Times наведува дека Кина цврсто ќе се спротивстави на било која страна која сака да го промени статусот во регионите каде играат кинеските интереси. 

"Корејскиот полуостров е место каде има интерес од сите страни и ниедна страна не би смеела да биде апсолутно доминантна", наведува весникот.



Спонозорирани линкови

Маркетинг