Преговорите за продолжување на соработката помеѓу Валтери Ботас и Мерцедес се во тек, а според Тото Волф, финалната одлука треба да биде донесена околу трката во Сингапур.
По повлекувањето на Нико Розберг, Валтери потпиша едногодишен договор со екипата, но сезонава импресионираше и повеќе од јасно е дека “сребрените“ го сакаат на подолг рок.
„Сега е добро време да се разговара и да се разгледаат работите. Имавме добри дискусии со Валтери пред Унгарија, но мислам дека ќе почекаме до Азискиот дел пред да донесеме конечна одлука“, објасни Тото.
Нов договор очекува и финскиот возач.
„Веројатно ќе направиме некаков прогрес во преговорите за време на летото затоа што во екот на трките и немаме многу време да разговараме за било што друго освен самата трка.
Тешко е да се има состанок додека се тркаме и разговараме како да победиуме. Секако дека сега има повеќе време и ќе се обидеме нешто да направиме пред трката во Спа“.
На почетокот на летото се зборуваше дека Себастијан Ветел потпишал преддоговор со германскиот тим, но никој не даде потврда за тоа иако Ветел сеуште нема договор за следната сезона, но според изјавите на Серџо Маркионе, се очекува тандемот на Скудерија да остане непроменет.
Веројатно дека во новиот договор Ботас – Мерцедес се е јасно освен периодот на кој истиот ќе биде потпишан.






