Конечно правда: Затворен на 16 години, ослободен на 53: Поминал 37 години во затвор за кривично дело кое не го направил

Точка

11/08/2017

13:36

14.610

Големина на фонт

а а а

Фредерик Клеј (53) во затвор живеел од свои 16 години. Сега конечно е ослободен од него бидејќи судот пресудил дека тој е всушност невин.

Ова е една од тие приказни од кои најмногу ни се ежи кожата.


Во вторникот Клеј излегол од затвор. 

"Помина многу време, 38 години лишен од слободата, казнет за злочин кој не сум го извршил. Преплавен сум со емоции но и многу сум нервозен", изјавил тој за новинарите. 


Клеј бил уапсен за убиство на таксистот Џефри Бојаџијан во 1979-та година. Тој бил убиен со пиштол во сопствениот автомобил.

Двајца сведоци сведочеле дека го виделе Клеј на самото место па тој во 1981-ва година бил осуден за убиство од прв степен. 

Клеј долго време се жалел за пресудата и конечно тоа му се исплатило - но после 38 години за жал. Неговите адвокати и пријатели од затворот му велеле никогаш да не се откажува.


"Морате да се држите до она што сте и да не си играте со вистината. држете се до вистината", изјавил тој.

 Директорот на Комисијата за утврдување на невиност, Лиза Кавано, заедно со адвокатот на Клеј тврделе дека сведоците го потврдиле идентитетот на нивниот клиент дури откако биле подлегнати на хипноза. 


Хипнозата понекогаш се употребува за идентификација, но новите истражувања ја отфрлаат како непрецизна практика. 

Поради тоа одобрено му е ново судење и сведочењето против Клеј е отфрлено.

Братот на жртвата Џефри Бојаџијан, Џери Бојаџијан ја поддржувал одлуката Клеј да биде ослободен.


"Јас сум убеден дека Фред Клеј не го извршил злосторството. И фактот дека овој човек помина две третини од својот живот зад решетки за нешто кое не го направил е ужасно! Не можам ниту да замислам како му било. Правдата задоцни, но конечно е тука", изјавил братот на убиениот.




Спонозорирани линкови

Маркетинг