Вила бр. 24 во Истра: Во неа гостуваат париски сликари, италијански дизајнери, архитекти, а сега ве носиме на обиколка и вас

Точка

10/08/2017

19:55

5.185

Големина на фонт

а а а

Пред само една година тука имало само една стара, трошна, камена куќа пред распаѓање кое долго време била на продавање... Денес, тука се наоѓа Вила бр. 24

Есен, 2016-та, тројца пријатели седат на кафе и едниот од нив вели: "Можеби би требало да купиме нешто во Истра, Хрватска, да го средиме и потоа да го изнајмуваме". Другиот вратиле: "Што ти е, тоа е скапа инвестиција, ги немаме ние тие пари, иако тоа би било остварување на животен сон." Првиот на тоа враќа: "Не е скапо, паднати се цените..." - Третиот пријател е жена, која молчи и додека тие разговараат на својот лап топ пребарува за стари камени куќи во Истра кои се на продажба.

И после помалку од една година еве сме внатре во сонот. 

Нашле евтина стара, камена куќа и ја купиле. Куќата била дотраена, стара - уште од почетокот на 20-тиот век, па веднаш било јасно дека ќе треба да биде темелно реновирана. Па така, некогашната штала денес е трансформирана во преубава летна кујна. 

Откако се појавил огласот дека оваа малечка, но преубава вила во Истра се издава започнале да се појавуваат и клиентите. 

"Неодамна дојде една уметничка од Париз за прв пат во Истра само поради фотографиите од вилата на Инстаграм" ..

Во вилата има три спални соби, иако е планирана за едно семејство - сопствениците сакаат нивните гости да се чувствуваат комотно. Па така и секоја спална соба има свој посебен тоалет. 

Сопствениците вилата ја нарекуваат "Совршено несовршенство" ...





Спонозорирани линкови

Маркетинг