Протече нова снимка од германската тинејџерка во Мосул: Сакала да се врати дома, но Ирачаните со неа имаат други планови

Точка

07/08/2017

17:43

12.311

Големина на фонт

а а а

На Live Leak протече видео снимка која што ја прикажува преплашената германска тинејџерка - припадничка на ИСИС, во моментите кога била фатена во рушевините на Мосул од страна на ирачката армија.

Линда Венцел била уапсена од ирачката армија во разрушениот Мосул откако минатото лето побегнала од нејзиниот дом во Германија за да ѝ се приклучи на Исламската држава. На новата снимка која што се појави на интернет, може да се види моментот кога насмеаните ирачки војници ја апсат и ја носат некаде.

Се верува дека 16-годишната Германка е задржана во Ирак поради дела поврзани со тероризам и во оваа земја би можела да биде осудена на смртна казна поради тоа што ѝ се приклучила на Исламската држава која што претрпе пораз во Мосул.

Ако биде осудена на смрт, таа ќе помине во затвор додека наполни 22 години. Доколку биде екстрадирана во Германија, таа ќе добие далеку поблага казна - само десет години затворска казна поради поддршка на терористичка организација.

Линда Венцел е една од 20-те поддржувачи на Исламската држава кои што беа уапсени откако ирачката армија ја превзеде контролата над градот после интензивните 10-месечни борби во кои што беа убиени најмалку 25 илјади џихадисти.

Девојката минатата седмица проговорила за прв пат после нејзиното бегство од Германија, велејќи дека сега сака само да се врати и да живее со своето семејство кое што живее во мал град на истокот на Германија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг