Шефицата на Одделението за заштита на животната средина на Иран, Масуме Ебтекар, го повикала Министерството за надворешни работи на таа земја да влијае на Турција, и ако е можно, да ги убеди турските власти да се откажат од идејата за изграба на брана.
Според зборовите на Ебтекар, иранското Министерство за надворешни работи би морало да има преговори со Турција и да ја убеди владата во Анкара да се откаже од изградбата на брани на реките на Тигар и Еуфрат. Ебтекар ја критикува Турција поради непромислената изградба на џиновски брани, кои доведуваат со сушење на реките. Во рамките на својот амбициозен, но застрашувачки проект во Јужна Анадолија, Турција планира да изгради 22 брани.
Критиките на Масуме Ебтекар ги поддржал и претседателот Хасан Рохани. Во текот на својот говор неодамна одржан на Меѓународната конференција за борба против песочните олуји и дезертификација на земјиштето, Рохани ја осудил изградбата на браните која ја планира Турција. Според неговите зборови, ирационалната изградба која Анкара има намера да ја спроведе, носи до сушење на бројни водени површини, езера и реки, како во Ирак, така и во Иран, што подоцна ќе доведе до зголемување на песочните олуји во регионот.
Турските власти, а најпрво заменик министерот за надворешни работи задолжен за прашања за јужна Азија, не се согласиле со ваквите критики во текот на конференцијата. Турскиот претставник објаснил дека изградбата на браната наводно се врши со сите мерки на претпазливост и почитување на правилата и пресметките кои имаат за цел да ја зачуваат животната средина.
Без разлика на зборовите на турскиот претставник, иранските експерти предупредуваат дека, ако на дипломатско нови не дојде до решавање на оваа ситуација, државите би можеле да се најдат на раб на војна за вода.
Историјатот на овој проблем за Sputnik го објаснил Мухамед Дарвиш, директор на Одделението за односи со јавноста при Одделението за заштита на животната средина: "Турција го започна тој проект уште во 1980. година. Целта беше текот на реките Тигар и Еуфрат да се променат во корист на Турција, при што Ирак и Сирија би останале без вода од овие реки. Во тој момент Садам Хусеин и Хафез ел Асад биле моќни и влијателни политичари и можеле да и се заканат на Турција".
Но, наскоро Ирак влегол во војна со Иран, по што дошла на ред окупацијата на Кувајт, и на крајот воената инвазија од САД. По сите овие војни, Ирак целосно ја изгубил силата и влијанието кое го имал како важен регионален играч.
"Моментот на слабост на централната власт во Ирак, како и хаосот во граѓанската војна во Сирија, Турција ги искористила и добила меѓународен кредит за изграба на 22 брани на Тигар и Еуфрат", објаснува Дарвиш.
Ако Турција навистина ги реализира своите намери и ја изгради, како што планира, браната Илис на Тигар во регионот Јасанкејф, со обем од 10,4 милијарди кубни метри, тоа ќе предизвика вистински колапс и невидена криза поради недостиг на вода.
Плановите на Турција се да го оневозможи понатамошниот тек на реката Еуфрат во целост, а на реката Тигар за 60 проценти. Последично, на територија на Сирија и Ирак повеќе нема доаѓа ни капка вода од овие реки.
"Не само што изградбата на оваа брана го оневозможува дотокот на реките, со што целост ќе се исуши коритото, туку и 2,5 милијарди хектари земја во Сирија и 5 милијарди хектари земја во Ирак би останале без можност за наводнување. Тоа за земјоделците би значело дека ќе останат без работа. Ова само би одело на корист на ИСИС. Тогаш терористите ќе можат да регрутираат несреќни фармери кои останале без земја и храна. Каква опасност претставува ИСИС за целиот свет, не мора да се нагласува", објаснува Дарвиш.
Покрај тоа што изградбата на Турските брани би довела до сушење на реките, би создала и големи песочни дини. Количината на песок во 1988. година и онака константно се зголемува, токму како последица на изградбата на брани во Турција, што претседателот на Иран, Рохани, многу пати го истакнал.
Кога своевремено премиерот на Ирак, Нури Малики го отворил ова прашање и изнел обвиненија на сметка на Турција по повод можна изградба на нови брани, Анакара пратила многу опасен одговор: "Ако веќе Ирак не ја дели својата нафта со нас, зошто ние да бидеме обврзани да ги делиме своите водни ресурси".
Мора тука да се истакне дека нафтата е економско богатство, а водата животна потреба. Овие два ресурса не смее да се споредуваат. Водата од реките им припаѓа на сите жители во околината на речниот тек. Ако се следи овој неточен турски принцип, тогаш и Етиопија би можела да изјави дека, ако Нил веќе извира на нејзина територија, Египет нема право на водата од таа река.
Вториот соговорник на Sputnik, Халил Агаџанлу, експерт за водени ресурси и проблеми со дезертификација, раководител на Одделението за хидрологија при управата на Иранската провинција Зенжан, на прашањето: "И каде е тука решението на овоја проблем", одговара: "Меѓународната конвенција на ОН за борба против дезертификација на земјиштето настанала како вид на борба против песочните олуји. Многу е важен исправниот геополитички пристап на ова прашање. На решавање на овој проблем не може самостојно да работи само една држава".
Агаџанлу истакнува дека, ако некоја држава не ги почитува правата на друга држава, овој случај тоа би можело да доведе до политички, економски, социјални и безбедносни проблеми. Исто така, наведува соговорникот на Sputnik, овој проблем би можел да влијае и на останатите држави во регионот.
Иранската невладина организација "Мијанроундан" во мај организирала он-лајн петиција до генералниот секретар на ОН, Антони Гутереш, со молба да влијае на Турција, за Анкара да се откаже од градење на браните.