Барселона испрати порака во однос со „случајот“ Нејмар

Дерби

17/07/2017

21:03

1.162

Големина на фонт

а а а

Барселона ги започна летните подготовки под палката на Ернесто Валверде, но денеска дојде една чудна вест од Каталонија од весникот „Спорт“ која го раздрма клубот и цела Шпанија.

Наводно Бразилецот за првпат почувствувал одредена непријатност дека не може да го прикаже сиот свој потенцијал како индивидуалец во клубот, по што оваа вест за кратко време се прошири на Пиринеите, па дури почнаа да кружат информации оти ПСЖ е подготвен да го ангажира и да го плати она што Барса го бара за него.

Од шпанскиот великан пак јасно порачаа оти не веруваат оти Бразилецот може да си замине од „Камп Ноу“ зошто нема клуб кој може да ја плати откупната клаузула.

-Барселона без Нејмар? Тоа нема да се случи зошто нема клуб кој ќе ја исплати неговата клаузула, -истакна спортскиот директор, Роберт Фернандез на денешната средба со медиумите.

Нејмар минатата година го продолжи договорот со Барса и сега неговата калузула изнесува 222 милиони евра.

Ова е сумата која ПСЖ треба да го плати ако сака да го добие напаѓачот, зошто каталонците немаат намера да преговараат. Исто така многу е важно во оваа ситуација „светците“ да имаат зелено светло од самиот играч.



Спонзорирани линкови

Маркетинг