Обучува и убива: Главната жена од "одредот на смртта" на ИСИС доаѓа од - Косово

Точка

17/07/2017

14:52

7.116

Големина на фонт

а а а

Од територијата на Косово во редовите на ИСИС во Сирија и Ирак се борат вкупно 44 жени, додека од БиХ има 60, велат податоците од Косовскиот центар за безбедносни студии.

Најпознатата Албанка од Косово и Метохија, која се приклучила кон ИСИС, е Чамиле Тахири, на возраст од само 23 години. 

Моментално, според пишувањето на косовските медиуми, таа е на чело на камповите за обука на жени џихадисти на ИСИС во Сирија, а се смета за една од најрадикалните жени-воини на ИСИС од овие простори, пренесува Sputnik

Под нејзин патронат, десетина Албанки од Косово, Албанија и Македонија пристигнале во редовите на ИСИС. Нејзина десна рака е Лаура Хусеини, исто така од Косово, која во оваа група била привлечена од сопругот и братот. 

Нивната улога не е само да бидат "невести на џихадистите", како што се мисли, туку имаат и многу поважна и поширока улога. Нивната улога е да регрутираат нови членови од целиот свет, и тоа во главно преку интернет. 


Sputnik наведува дека ИСИС во својот состав има повеќе бригади кои се сочинети само од жени, од кои најпозната е женската бригада Канса. Формирана е на почетокот на 2014. година, а името го добила по Канса, арапска поетка од најраните денови на исламот. 

Бригадата има повеќе улоги, а покрај хакирањето и регрутирањето, се занимава и со убиства и одржување на строгите правила на живот во оваа група, како што е на пример, спречување на однос помеѓу мажи и жени без претходен договор. 

Жените, припаднички на оваа група, имаат помеѓу 18 и 25 години, а меѓу нив има и многу жени од Западот, кои биле регрутирани преку интернет, и кои ја примиле исламската вера. Обуката во оваа бригада трае околу еден месец, членките носат оружје и мора да бидат борци.

Лидерите на оваа терористичка група сметаат дека жените им се потребни во групата, бидејќи сакаат да покажат дека се организирано општество засновано на семејство по изворното разбирање на исламот.


Неочекувано, но во оваа бригада се примаат пред се високообразовани жени. Предност имаат оние кои се занимаваат со интернет технологија, или се од економскиот сектор, а тоа се, пред се, жените од Западот. Европските, а пред се британските медиуми неколку пати изнеле бројка од 80.000 жени кои на некој начин се поврзани со ИСИС.

Оваа најпозната женска џихадистичка бригада во април 2017. година објавила видео за вработување на женски хакери, тврдејќи дека до тогаш хакувале повеќе од 100 социјални медиуми, и тоа во текот на само еден месец.

Жените во оваа воена формација се распоредени според задолженија. Најмладите ги чуваат децата кои се раѓаат во редовите на оваа терористичка организација. Кога станува збор за Косово, проценката е дека жените од тоа подрачје од 2015. година до денес родиле 37 деца.

Жените кои имаат до 22 години се задолжени на социјалните мрежи да привлекуваат нови членови, да собираат парична помош и да создаваат ќелии на Запад. Третата група е задолжена за склопување на бракови.

На мета најмногу се жени од Америка, пред се припаднички на помладата и посиромашна популација, која е лесно да се привлече на интернет, и тоа само преку лајкови. Според американските медиуми, во 2014. година три девојчиња од Денвер побегнале од настава за да стигнат на лет за Сирија. Овој проблем го забележала и американската влада.




Спонозорирани линкови

Маркетинг