Скандал во Велика Британија: Објавени се фотографии на тајната специјална единица

Точка

17/07/2017

18:01

4.133

Големина на фонт

а а а

Елитните единици на британски „САС“ делуваат под строги безбедносни правила и припадниците на единицата потпишуваат договор кој им забранува да откриваат било што во врска со операциите на „САС“.

Со оглед на тоа што станува збор за специјални единици, тие по правило се распоредени на тајни задачи, опремени се со специјално оружје и друга опрема. Сепак, како што пренесуваат британските медиуми, група на непознати војници на „САС“, направиле сопствена страница на Фејсбук на која што ги објавуваат фотографиите од операциите на кои што се видливи нивната опрема и оружје.


Страницата "The Special Air Service" моментално има над 21 илјади следбеници и содржи над 2 илјади објави и фотографии кои ги прикажуваат припадниците на „САС“ за време на вежбите или операциите.

Фотографиите откриваат дел од вежбите со воени кучиња, откриваат нови оружја, возила и делови од опремата која што војниците ја носат со себе кога одат да ги извршат воените операции. Војниците се облечени во новодизајнираните униформи на војската на Велика Британија, а вооружени се со „Колт командо“ јуришно оружје.


Многу воени единици во Велика Британија имаат сопствени страници на Фејсбук, но таму сите мораат да ги почитуваат правилата на министерството за одбрана и истите редовно се проверуваат. Поранешен припадник на „САС“, за британски „Дејли Стар“ вели дека информацијата за страницата пристигнала од некој припадник на елитната единица кој ги пријавил своите колеги.


„Фотографиите на страницата се актуелни и вистински. Тоа не се одглумени сцени, тоа е вистинско. Младите момци понекогаш сакаат да се види профилот на единицата, но овие припадници на „САС“ отишле предалеку. Министерството ја проверува страницата и убеден сум дека наскоро ќе биде затворена“, изјави тој.



Спонозорирани линкови

Маркетинг