Детали од сослушувањето на Србите на Закинтос: Дојдовме на одмор, а не да убиеме некој: Обвинети сме за два удари

Точка

17/07/2017

13:34

11.973

Големина на фонт

а а а

"Се извинуваме на семејството на настраданиот, американскиот народ и грчката држава, но ние не сме убијци", изјавиле момчињата меѓу другото.

Грчкиот весник "Real News" ги навел деталите од сослушувањето на двајца исплашени Срби на Закинтос, кои биле задржани во притвор. 

"Дојдовме во Грција на Одмор, а не да убиеме некој. Му се извинуваме на семејството на убиениот Хендерсон, но немавме намера некого да убиеме. Обвинети сме за убиство поради два удари. Едноставно се најдовме на погрешно место во погрешно време. Тотално сме скршени", рекле двајцата обвинети Срби, кои и по сослушувањето биле задржани во притвор. 

Весникот потоа ја навел изјавата на едно од двете момчиња, дадена на сослушувањето. 


"Таа вечер бев во клубот. Се забавував со пријателите. Во еден момент видов дека настана хаос. Видов крв, скршени стакла. Помислив дека нешто лошо им се случило на моите пријатели, или друштвото кое преку истата агенција дојде со нас на Закинтос. Тргнав кон излезот од барот, а потоа на главниот пат. Тогаш видов момче кое трча и многу луѓе кои го бркаа. Некој викна - "Тоа е тој. Сопри го". Помислив дека тој е напаѓач, дека тој направил хаос во барот. Притрчав и го удрив два пати. Еднаш во врат, еднаш во грб", рекол овој Србин, пренесува Blic.rs

На сослушувањето објаснил дека само сакал да го спречи Хендерсон да побегне. 


"Мислев дека тој е виновен за инцидентот во барот", рекло момчето. Грчкиот весник наведува дека сакале да го спречат Хендерсон во бегството, и дека се извиниле на неговото семејството. 

"Се вмешавме во тепачката и завршивме во затвор. Само сакавме да го спречиме да не побегне. Тие два удари се случија во неколку секунди, и не беа смртоносни. Ја разбираме нашата одговорност, но не сме убијци. Немавме намера никого да убиеме", рекле момчињата, кои навеле дека се сигурни дека во Грција ќе имаат фер судење. 

Според наводите на грчките медиуми, момчињата требало од септември да почнат на факултет, тренираат фудбал, а имале и организиран трансфер во австриски клуб.



Спонзорирани линкови

Маркетинг