Реал во Скопје доаѓа без Кристијано Роналдо

Макфакс

17/07/2017

10:14

1.877

Големина на фонт

а а а

Напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, со голема веројатност нема да дојде со тимот во Скопје на натпреварот во Супер купот на УЕФА против Манчестер Јунајтед.

„Марка“ медиум кој секогаш е добро информиран за она што се случува во редовите на европскиот првак, објави дека тренерот Зинедин Зидан и најдобриот фудбалер се согласиле дека тој во време кога ќе се одигра Супер купот нема да има доволен број на тренинзи и дека најдобро ќе биде да остане во Мадрид.

Кристијано Роналдо сè уште е на одмор по напорната сезона која ја заврши со настап на Купот на Конфедерации во Русија. Според „Марка“, тој оваа недела ќе се врати во Мадрид каде ќе треба да ги мине медицинските прегледи. 

Потоа тој повторно ќе замина на одмор и кон крајот на месецот ќе му се приклучи на тимот. Тоа значи дека Кристијано Роналдо нема да игра за Реал ниту на контролниот меч против Барселона, на 30-ти јули, во Мајами, на Меѓународниот Куп на шампионите. 

Извесно е како што тврди „Марка“ дека 32-годишниот напаѓач ќе го пропушти и дуелот во Супер купот на УЕФА, во Скопје на 8-ми август, против Манчестер Јунајтед. 

Португалецот првиот официјален меч за Реал ќе го одигра на 13-ти август, кога во Барселона, Реал ќе го одигра првиот натпревар во Супер купот на Шпанија, реваншот ќе се одигра три дена подоцна во Мадрид. 



Спонозорирани линкови

Маркетинг