Високата цена на неутралноста: Зошто Хитлер не ја покори Швајцарија?

Точка

17/07/2017

14:10

16.428

Големина на фонт

а а а

Швајцарија ја преживеа Втората светска војна без да биде покорена, но за тоа многумина сметаат дека Швајцарците платиле висока цена.

Швајцарија опстана како слободна, демократска земја во Европа која што буквално се тресеше од моќта на Адолф Хитлер, а за тоа да се случи, Швајцарија беше приморана да соработува со Третиот рајх.

Точно е дека Швајцарија ги чуваше милијардите долари во злато кои што нацистите им ги одземаа на Евреите пред да ги испраќаат во концентрационите логори, но не треба лесно да ѝ се стави етикетата - нацистичка марионета. Треба да се истакне дека Нацистичка Германија за малку не извршила инвазија на Швајцарија.

„Швајцарија ги има најодвратните и најмизерни луѓе и политички систем“, му се пожалил првиот човек на Нацистичка Германија, Адолф Хитлер, на својот италијански сојузник Бенито Мусолини во 1941-ва година.

После поразот на Франција во летото 1940-та година, Нацистичка Германија стана доминантна сила во Европа и сееше страв насекаде низ Стариот континент поради својата огромна воена моќ. Изготвена била операцијата „Таненбаум“ која што требало да ги вклучи германските трупи од Франција, Германија и Австрија, а Италијанците требало да нападнат од југ.


„Неочекуван напад од Женевското езеро кон сите делови на земјата. Мора Швајцарија да биде приморана на брзо предавање користејќи екстремна супериорна сила“, стоело во планот на Хитлер и Мусолини.

Силите на Германија и Италија не можело да се каже дека имале достоен противник, иако и Швајцарија својата неутралност ја штитела со оружје, а познато било дека швајцарските платеници уште од 15-тиот век ја плашеле цела Европа.

Швајцарците ништо не препуштиле на случајноста, секој маж бил добро подтовен и знаел да ракува со оружје. Сите куќи имале оружје и сите биле подготвени за итна мобилизација доколку има потреба за тоа. За земја која што има само четири милиони жители, Швајцарците имале армија од 850 илјади луѓе, а таа бројка, во комбинација со оружјето и фактот што Швајцарија е планинска земја, значело дека секој напаѓач ќе наиде на жесток отпор и тешки теренски услови.

Швајцарците и денес тврдат дека единственото нешто што го спречило Хитлер да ја нападне нивната земја, бил фактот што државата имала многу вооружени луѓе, иако мала е веројатноста овие тврдења да се точни.


Нацистите веќе ја имале освоено Франција која што имала прилично моќна армија и тоа за шест седмици. Швајцарија би им се спротиставила само со народна војска, без тенковска, артилериска или авионска сила. Иако Швајцарија е планинска земја, најнаселените места се рамнини. Подигнатите утврдувања биле разместени на границата со Австрија и Германија, но не и со Франција.

Поради тоа, и натаму не е целосно јасно зошто Хитлер не ја нападнал Швајцарија, дали само поради златото кое што му го чувале Швајцарците, или пак нешто друго.

Една од причините поради поради кои што Нацистичка Германија не извршила инвазија на Франција е можеби затоа што Хитлер ги сметал Швајцарците „за сопствен народ“, иако тоа не го спречило да ја окупира Австрија.

Се претпоставува дека за Хитлер многу поголемо стратешко значење имало ширењето на моќта на германската армија кон Балканскиот полуостров, а набрзо потоа Хитлер наредил и инвазија на СССР. Можеби и Швајцарија едноставно била корисен посредник меѓу Нацистите и светската економија, па затоа Швајцарците иако беа во центарот на Европа во најкрвавиот период во модерната историја, тие успеаа да влезат и да излезат од војната слободни.



Спонозорирани линкови

Маркетинг