Откриена тајната на успешниот брак на Марк Цукерберг

Точка

12/07/2017

19:11

9.398

Големина на фонт

а а а

Марк Цукерберг и неговата сопруга Присила Чан се во брак веќе пет години, а моментално го очекуваат второто дете.

"Присила е мојот најубав спомен од Харвард. Ја запознав откако веќе го имав направено Facemash, социјалната мрежа која е основата на Facebook. Што значи дека без Facemash немаше да ја запознаам Присила, најважната личност во мојот живот. Поради тоа, тоа е еден од најдобрите потези кои ги имам направено", изјавил Цукерберг.


Со Присила тој е во врска веќе 14 години, а тајната на успехот на нивната долга врска лежи во прецизноста и во броевите. 


Уште на факултет, кога станале двојка, Присила побарала од Марк да потпише договор за врската во кој најважниот дел бил "задолжително дружење" кое подразбира неделно заедно да поминат минимум 100 висококвалитетни минути и најмалку еднаш да излезат на состанок. Марк и Присила до ова правило се држат до ден денес.




Спонзорирани линкови

Маркетинг