Александар Александрович Зиновјев, бил познат руски филозоф, социолог, есеист и книжевен сатиричар кој го критикувал Сталин подеднакво како и западната демократија.
Зиновјев бил еден од најважните советски дисиденти од владеењето на Сталин, па до режимот на Леонид Брежњев.
И покрај тоа што бил член на КПСС, Зиновјев никогаш не се согласувал со политиката на СССР. Во 1977. година, советските власти му го одземале државјанството и бил принуден да ја напушти својата татковина. Според неговите зборови, за него тоа било најголема казна и проклетство. Протеран од СССР отишол во Минхен, во тогашната Сојузна Република Германија. Таму останува до 1999. година, кога семејството одлучило да се врати во својот дом во Русија.
Непосредната причина за неговото враќање во Русија е бомбардирањето на СР Југославија од страна на НАТО. Меѓутоа, основна причина за неговото враќање е разочарувањето од нивото на демократијата на западот.
Зиновјев од 1954. до 1976. година бил професор на Московскиот државен универзитет, за во доцните 60-ти години од минатиот век против него да се отвори цел процес за да му се оспорат научните и политичките трудови. Од Советскиот сојуз бил протеран во 1978. година, откако му биле одземени титулите професор и доктор. Непосредна причина за неговото протерување била неговата анти-советска книга "Широки висини", објавена во Лозана во 1976. година.
Во Минхен работел како професор на локален универзитет, а предавал и на многу други универзитети ширум светот: Бил член и на Финската академија на наука и на Академијата на науки во Италија.
Зиновјев е познат по своите антисталинистички ставови. Како студент по филозофија, тој отворено го манифестирал своето несогласување со политиката на Сталин. Поради таквите ставови бил отстранет од Московскиот државен универзитет. Меѓутоа, без разлика на антисталинистичката репутација, тој на крајот бил прогласен за сталинист. Имено, по смртта на Сталин во СССР било тренд да се критикува Сталин и неговата личност. Меѓутоа, во тој тренд на критикување на мртвиот Сталин, Зиновјев се држел на страна.
На прашањето за причините за таквото однесување, Зиновјев на кратко одговорил дека сегашниот предмет на критика на ситуацијата во СССР треба да бидат тие кои се во моментот на власт, бидејќи мртвите и кога би сакале, не можат да одговорат. На крајот, тој истакнал дека оцената за Сталин ја дал додека тој би уште жив. Тоа било доволно да биде прогласен за сталинист, односно за антисталинистички сталинист, бидејќи никој не може да демантира дека претходно го критикувал.
Така, на необичен начин и преку ноќ, Зиновјев бил промовиран во сталинист. Крајниот резултат бил прогонство во Германија.
Разочаран од односите кои владееле во СССР, Зиновјев наскоро се разочарува и од вредностите на кои почива западната цивилизација, а посебно онаа во која се повеќе доминираат економските и политичките интереси на САД и нивните вредности. Иако му било овозможено да предава на многу западни универзитети и слободно да ги објавува своите книги, Зиновјев дошол до заклучок дека и западниот систем е тоталитарен и недемократски, како и системот кој владеел во СССР.
Доминантниот модел на управување на Западот, Зиновјев го нарекувал демократски тоталитаризам или тоталитарна демократија. За него крајна цел била владеење ширум светот. Како средство за остварување на оваа цел, во САД се создава нов вид на луѓе - западоиди. Западоидите имаа две важни карактеристики: не мислат, но чувствуваат.
Сметал дека создале таков тип на луѓе бидејќи со емоциите полесно се манипулира, посебно ако не одат заедно со критичко мислење. Покрај тоа, Западот формира општество на приоритет му се економските интереси на САД. Таквите луѓе ги има и во Европската унија.
На крајот, зад идејата за глобализација, лежи идејата за американизација. Кратко по бомбардирањето на СРЈ во јуни 1999. година, Зиновјев се вратил во Русија, уверен дека демократијата исчезнала од Западот. Се борел и против постоењето на Хашкиот трибунал, а во исто време застанувал и во одбрана на Садам Хусеин.















