Нови проблеми за Volkswagen: Францускиот огранок на VW со години наназад лажел за продажните резултати

Точка

04/07/2017

18:15

7.154

Големина на фонт

а а а

Нов скандал го “тресе” светски познатиот бренд Volkswagen. Ако и овојпат се покажат за точни обвиненијата, Volkswagen повторно ќе се најде на насловните страници во една негативна конотација, а ќе паднат и нови откази во управувачкото тело на Volkswagen.

Овојпат германскиот Der Spiegel тврди дека францускиот огранок уште од 2010-та година па наваму ги лажирал продажните резултати и како такви ги испраќал во седиштето на компанијата. Првите проценки велат дека е пријавена продажба поголема за дури 800.000 автомобили од вистинската, и тоа само во текот на изминатите седум години.

Der Spiegel се повикува на свој доверлив извор од Volkswagen, којшто вели дека бројни нови сопственици на автомобили се регистрирале со месеци, па и години после испораката, што е и тоа како сомнително ако се знае дека автомобилот може да се регистрира во многу кус период. Според германскиот магазин, неточните податоци за продажбата во матицата се испраќаат уште од 2010-та година, и тоа за брендовите Volkswagen, Škoda, Audi и Seat.


Шефот на Volkswagen, Матиас Мулер, наводно уште во месец април добил извештај за интерна контрола, а набрзо после тоа шефот на Volkwagen во Франција, Жак Ривоал, бил избркан. Службеното објаснување било дека Ривоал си заминува поради “стратешки разлики” помеѓу француската филијала и менаџментот на компанијата во Германија.

За сето ова пишувал и Automotive News, а тие се обиделе од Volkswagen да добијат и официјална изјава. Германската компанија сепак одбила да одговори. Ројтерс пак се обидел да дојде до Ривоал, но и тој бил моментално недостапен.