На трибината на тема „Жените се столб на општеството“ што се одржа во Дебар, жените Албанки побараа од политичките партии на Албанците во Македонија да го почитуваат законот од 30 отсто жени во сите институции.
Активистката Ѓуле Челику нагласи дека жените не се задоволни ниту од нивното учество во извршната власт.
„Во новата влада бројот на жените Албанки е минимален. Таква е состојбата и на жените во другите централни и локални институции“, нагласи Челику и додаде ако состојбата не се подобри ќе се организираат и протести.
Во општеството жените секогаш се столб, но минимални места имаат во институциите.
„Имаме поддршка од амбасадите кои се во Македонија и ќе бараат целосно правата на жените да се почитуваат“, рече таа.
Ќе бараме со новиот закон жените да се учесници во институциите 50-50 во сооднос со мажите.
Активистката Арбана Ќормемети истакна дека како во Дебар така и во другите градови и покрај тоа што има голем број жени интелектуалки, тие не се довоилно застапени на соодветни позиции.
Во Советот на општината, но и во локалните институции нема соодветен број а жени на потребните позиции.
„Таа состојба треба да се промени веднаш“, нагласи Ќормемети.
Организаторите најавија формирање независни форуми на жени во сите градови на Македонија со цел еднаш засекогаш да се почитуваат правата на жените и во сферата на политиката и општеството во целина.








