БЕСА нема да присуствува на денешниот состанок инициран од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, бидејќи сметаат дека Декларацијата на албанските партии, во која стои и прашањето за Законот за употреба на јазиците, е влезена во владината програма.
Од БЕСА ги прашуваат интегративците: „Зошто доколку ДУИ навистина се интересира за проблемите на Албанците, наместо средби за сликање по хотели, не се одржи состанок во Собранието коешто е место за дебата за овие проблеми?“
Од движењето на Билал Касами, потенцираат дека ако Ахмети е искрен во намерата најпрвин треба да го стави на увид и да одговори каков е договорот за владината коалиција со СДСМ.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера ги покани лидерите на парламентарните партии утре на состанок да разговарат за албанската платформа освен, Касами сите други се очекува да се појават.







