Неверојатна трансформација: Актерот никогаш не изгледал толку фит

Точка

19/06/2017

19:17

10.254

Големина на фонт

а а а

Славниот холивудски актер во последните неколку месеци „изгубил“ дури дваесет килограми! Иако и претходно ја зголемуваше тежината, па потоа слабееше, овој пат Џона сериозно почнал да посетува теретана.

33 – годишниот Џона Хил ги изненади фановите со најновата трансформација. Актерот, кој е познат по улогите во филмовите „Superbad”, „The Wolf Of Wall Street” и „21 Jump Street”, е полесен за околу 20 килограми.


Тој откри дека најмногу му помогнале советите кои му ги дал колегата од комедијата „21 Jump Street”, Ченинг Тејтум (37).


„Го прашав Ченинг: ’Еј, ако јадам помалку и ако вежбам со тренер, дали ќе успеам да се доведам во топ форма?’. Тој ми одговори: ’Секако, будало, секако дека ќе успееш. Тоа е наједноставната работа на светот’“.


Хил морал да се здебели за улогата во филмот „War Dogs“ од 2016 година, а претходно често слабеел и се здебелувал, претежно поради потребите за улогите.


Но, актерот неодамна откри дека му е доста од нездравиот начин на живот. „Сакам да бидам добра личност и моето семејство да се гордее со мене. Сакам да живеам долго“, изјавил актерот во интервјуто за магазинот „Vulture“.


Џона во своето „најголемо“ издание тежел 115 килограми! Но, сега изгледа навистина одлично. Секоја чест за упорноста!




Спонзорирани линкови

Маркетинг