Поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, по двочасовен распит во СЈО не даде одговор за што е осомничен и каков исказ дал пред специјалната обвинителка Катица Јанева.
Тој ги упати новинарите одговор да побараат од СЈО и не кажа подетални информации за кои случаи бил повикан.
Мијалков се товари во повеќе случаи кои ги отвори Специјалното јавно обвинителство.







