Малдини испрати искрен совет до Верати и го посочи идеалниот клуб за него

Дерби

15/06/2017

10:26

663

Големина на фонт

а а а

Паоло Малдини ги следи сите случувања во италијанскиот и светскиот фудбал и покрај тоа што не е активен како работник во одредена средина, па навистина честа слика се интервјуата на легендарниот стопер на Милан кој секогаш говори искрено и без нималку пристрасност.

Малдини пред извесно време децидно објасни зошто ја одбил понудата од Кинезите кои го преземаа Милан од Силвио Берлускони, а во своето последно интервју за „Калчомеркато“ се огласи за најкоментираната трансфер сага поврзана за еден италијански играч.

Марко Верати се погласно се поврзува со бомбастичено заминување од ПСЖ, а иако неколку големи италијански клубови сонуваат за негов ангажман, Малдини потенцира дека идеален клуб за Верати е Барселона. 

– Верати е неверојатен, тој е една различна класа на фудбалер. Има квалитети кои многу ми се допаѓаат и мислам дека предодредено е да има голем успех ако си замине од Париз и проба нешто поголемо, некое ново искуство. Според мене, Барселона ќе биде идеално место за него и сметам дека тој ќе биде перфектен играч за Барселона. Тие се создадени еден за друг, – вели Малдини.