Напаѓачот започнал да пука денес во Александрија, град во близина на Вашингтон во САД, на сред тренинг за безбол во кој биле вклучени и американски политичари.
Околу 7:30 изутринава, напаѓач започнал да пука во Александрија, Вирџинија, за време на безбол тренинг во пресрет на годишната конгресна безбол игра, која е закажана за четвртокот вечер.
Тој испукал повеќе куршуми, а успеал да повреди пет лица, меѓу кои и конгресменот Стив Скализе од Луизијана, објавила полицијата.

На тренингот имало од 15 до 25 членови на Конгресот, десетици нивни соработници и членови на друштвото за осигурување, пренесуваат американските медиуми.



Очевидец за CNN изјавил дека Скализе си "го влечел телото" подалеку од теренот откако бил застрелан. Тој изјави и дека напаѓачот бил средовечен, бел маж кој испукал околу 50-тина куршуми.








