Министерството за финансии соопшти дека на сметките на 301.660 пензионери ќе се исплатени четири милијарди и 174 милиони денари пензија за месец мај.
Денес се исплатени и студентските стипендии. Студентите ги добија стипендиите за последните пет месеци во висина 118,2 милиони денари.
Исто така, денес Министерството исплати 439 милиони денари за субвенции, од кои за житни култури 114,1 милиони денари, за лозови насади 31,8 милиони денари, за градинарски култури 36,3 милиони денари, за мерката одгледување на говеда 100 милиони денари, за одгледување на овци 154 милиони денари и за млеко 2,7 милиони денари.






