Никола Димитров ја презеде функцијата министер за надворешни работи.
Во Министерството за надворешни работи беше остварена средба помеѓу новиот шеф на дипломатијата и неговиот претходник Никола Попоски. Притоа, согласно вообичаената практика, беше извршено примопредавање на должноста министер за надворешни работи на Република Македонија.








