Оваа жена им ја интерпретира на глувите лица рап музиката на концертите на Снуп Дог и Ву Танг Клан

Точка

19/05/2017

15:15

927

Големина на фонт

а а а

...а тие обожуваат да ги гледаат нејзините енергични движења.

Холи е толкувач на знаковен јазик, но нејзината работа е малку поспецифична од онаа на останатите толкувачи. 

Таа на глувите лица и на лицата со оштетен слух им ја интерпретира рап музиката. Поконкретно, таа работи на концертите на Снуп Дог и на Ву Танг Клан. 

Луѓето обожуваат да ги гледаат нејзините енергични дивжења.


"Секој потег и начинот на кој го движите телото открива некоја нова динамика, со која хип-хопот е преполн", вели Холи. 

Отсекогаш сум го сакала овој вид на музика. Постојано без заинтригирана од идејата дека можете да ги употребувате зборовите за да пренесете повеќе значења. Тоа што станав толкувач беше сосема природно. 

Пред секој настап, Холи ги "истражува" уметниците, нивниот живот и песните. И додека светот се заљуби во нејзините интерпретации, таа е среќна со сознанието дека и оние кои не можат да слушаат сепак можат да уживаат во концертите.

Еве како изгледа сето тоа.



Спонозорирани линкови

Маркетинг