Банкнотата со ликот на Тито имала една навистина глупава грешка

Точка

19/05/2017

14:25

6.924

Големина на фонт

а а а

Југословенскиот динар долго се користел на овие простори. Во употреба влегол во време на Кралството СХС во 1920. година, се задржал во кралството Југославија, социјалистичка Југославија и Сојузна Република Југославија.

Динарот имал култен статус и излегол од употреба дури кога Србија го заменила со српски динар, а Црна Гора со евро. 

Во 80-тите дошло до промена на постоечката серија банкноти, а во новата серија секоја банкнота претставувала една од републиките на поранешна Југославија. На предната страна имало историски личности од таа република, а на задната страна мотив кој би ја претставувал таа република. 

Најмалата банкнота од 10 динари, ја претставувала најмалата република, Црна Гора, а најголемата, таа од 1.000 динари, ја претставувала Србија. 


Уште една новост било воведувањето на банкнотата од 5.000 динари, која ја претставувала цела Југославија. 

На неа се наоѓал ликот на претседателот Јосип Броз Тито. 

До тогаш најголемата издадена банкнота имала една голема грешка. Покрај ликот на Тито била напишана годината на раѓањето и годината на смртта на претседателот, но наместо 1980, како година на смртта била наведена 1930. година. 


Банкнотата не била повлечена од оптек ни кога грешката била забележана од генералниот директор на Заводот за изработка на банкноти, бидејќи било оценето дека само четири проценти од 14 милиони печатени банкноти ја имале таа грешка. 

Ова не била единствената проблематична банкнота. На банкнотата од 1.000 динари, која ја претставувала Србија, требало да се најде ликот на Вук Стефановиќ Караџиќ. Но, иако сите матрици биле подготвени за печатење, во државата дошло до хиперинфлација и поради потребата за поголеми апоени оваа банкнота никогаш не била пуштена во оптек. 



Спонозорирани линкови

Маркетинг