Ја снимал воената парада во Москва и ја разоткрил тајната на речиси "невидливите" руски тенкови

Точка

19/05/2017

13:32

14.253

Големина на фонт

а а а

Материјал кој апсорбира радио сигнали и специјални бои, всушност, го отежнува брзото откривање на тенкот во ноќни услови во инфрацрвениот спектар.

Неименуван присутен на неодамна одржаната воена парада во Москва по повод "Денот на победата" со помош на посебен термички додаток за мобилен телефон ја разоткрил тајната на руските оклопни возила кои се речиси невидливи во инфрацрвениот спектар.


Како што пишува Russia Beyond the Headlines, присутниот снимател за време на воената парада го вклучил посебниот thermovision додаток на неговиот мобилен телефон и во таа прилика сосема случајно го открил инфрацрвениот температурен "потпис" на најсовремениот руски тенк Т-14 Армат, но и серијата на оклопни возила презентирани за време на парадата.

Ако се обрне внимание на тенкот T-72B3, борбеното пешадиско возило Тајфун-К и Тигар-М, противвоздушниот-ракетен систем Бук-М1У и Панцир-С, се гледа како топлотната трага на моторот и трансмисијата ја оддаваат техниката на бојното поле и го прави видлив на растојание од 10 километри. 

Тоа значи дека постарата руска воена техника може да се открие со термовизиска камера па со самото тоа може да се уништи со модерните американски против-тенковски ракети ФГМ-148 Јавелин, кои се првите во светот кои имаат вграден инфрацрвен систем од типот ИИР кој работи на принципот "испали и заборави".


Но, кога станува збор за Т-14 Армат, Јавелин е бескорисен бидејќи нејзниот "топлотен потпис" на објктивот за инфрацрвена камера е многу блед, со оглед на тоа дека свети само мал отвор на системот на моторот.

Со ова, како што наведува рускиот портал RBTH, целосно ги потврдува зборовите на заменик-генералниот директор на научно-индустриската корпорација Uralvagonzavod, Вјачеслав Халити, кој изјави дека новиот руски тенк е направен со специјална технологија.


Материјалот кој ги апсорбира радио сигналите и посебната боја, имено го отежнуваат брзото откривање на тенкот во ноќни услови во инфрацрвениот спектар, а отсечените делови на куполата на резервоарот на тенкот апсорбираат радарски зраци како кај авионите од новата генерација, на пример како кај американскиот Раптор Ф-22 и рускиот Сухој T-50 ПАК.

Инаку, Армат има и дополнителни функции за маскирање како на пример маскирната церада и антикумулативните плочи за заштита на тенкот од високопрецизно оружје и средства за блиска борба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг