Обелоденета спогодбата меѓу власта и опозицијата во Албанија

Макфакс

19/05/2017

09:25

770

Големина на фонт

а а а

Парламентарните избори во јуни во Албанија ќе ги спроведе техничка влада на чело со политички премиер.

Власта и опозицијата во Албанија ги обелоденија деталите околу постигнатиот договор со посредство на САД за учество на опозицијата на парламентарните избори.

Според владејачката Социјалистичка партија и опозиционата Демократска партија премиерот Еди Рама и лидерот на опозицијата Лулзим Баша постигнале согласност во владата на Еди Рама да има смена на шест министри на Социјалистите со шест технички министри на опозициската Демократска партија. 

Станува збор за министрите за внатрешни работи, финансии, правда, образование, здравство и социјална политика. Исто така е договорено парламентарните избори кои беа закажани за 18 јуни да се одржат на 25 јуни. 

По обелоденувањето на деталите од спогодбата, новоизбраниот претседател на Албанија кој сега е претседател на Собранието Илир Мета, имаше неочекувана средба со духовниот лидер на десницата Сали Бериша, а средбата е протолкувана како можно отстапување на Мета од договорената коалиција со Социјалистите на Рама, што секако може да доведе до драстична предност на опозицијата на претстојните избори. 

Лидерот на албанските социјалдемократи Скенде Ѓинуши, пак, ја изнесе оценката дека постигнатиот договор на власта и опозицијата фактички ги намалува максимално шансите за добивање на места во идниот парламент на малите партии.



Спонозорирани линкови

Маркетинг