Нутриционистите предупредуваат: Веднаш да престанете да пиете цедени сокови

Точка

12/05/2017

21:32

8.658

Големина на фонт

а а а

Специјалисти за дијабетес предупредуваат дека еден портокал може да содржи 45 калории, но дека чаша сок од портокал од два децилитри содржи 110 калории, додека фрапе од кељ, банана и портокал може да има повеќе од 600 калории.

„Често сретнуваме пациенти кои веруваат дека цедените сокови се здрави. Родителите на малите деца веруваат дека соковите се здрави колку што е здраво и овошјето. Всушност, сокот за кој се тврди дека е 100 проценти овошје е само малку подобар од зашеќерена вода“, тврдат тие во својот текст за британскиот магазин „The Independent”.

„Не` убедуваат дека соковите се здрави, тие се наоѓаат во теретаните, спа центрите, продавниците за здрава храна... Им ги препорачуваат на децата и трудниците. Индустријата на сокови е пресреќна поради тоа. Но, вистината е многу поразлична: земаме здрав производи – овошја, и од нив правиме нешто нездраво!“, предупредуваат овие експерти за дијабетес.

Со цедење на овошјето ги исфрлате најздравите состојки

Првата замка е дека, ако е здраво овошјето, здрав е и сокот од овошје, но всушност некои од најздравите состојки на овошјето ги отфрламе (како што е кората од јаболко, семките од малинки, мембраната која ги држи деловите од портокалот – сето тоа е здраво). Во нив се и влакната, антиоксидансите, фитонутриентите, витамините и минералите, а сето тоа е добро за нашето здравје. Влакната ја забавуваат апсорпцијата на шеќер, а штом ќе се наруши регулацијата на инсулин во крвта, доаѓа до дијабетес, се наведува во текстот. 

Од друга страна, на овој начин внесуваме многу повеќе калории, бидејќи додека едно овошје, на пример портокалот има 45 калории, чашата сок има 110. Од друга страна, иако сте ги внеле сите тие калории, нема да се заситите, па набрзо ќе посегнете по нова храна и нови калории, а кога ќе го изедете овошјето тоа не е случај – тоа ќе ве засити.


За да ја промениме оваа лоша навика, треба да почнеме од децата. Бидејќи, децата кои пијат сокови се пониски и подебели од децата кои не ги пијат. Се претпоставува дека тоа е така затоа што кога го пијат сокот, тие конзумираат помалку млеко и други корисни намирници кои им се потребни за раст. А, сокот воопшто не им е потребен!

Затоа, соковите заменете ги со овошје и свеж зеленчук, бидејќи соковите не се здрава опција.



Спонозорирани линкови

Маркетинг