Се топи мразот и се ослободуваат замрзнатите болести: Под кристалната прекривка се кријат разни ужаси

Точка

05/05/2017

21:37

3.700

Големина на фонт

а а а

Со менувањето на светската клима, се ослободуваат многу заборавени бактерии...

Низ вековите луѓето опстојувале заедно со разни вируси и бактерии, од чума до големи сипаници, и сето тоа поради развојот на имунитетот и лековите. Меѓутоа, што би се случило кога одеднаш би биле изложени на вирусите и бактериите кои илјадници години биле успиени во вечниот мраз и со кои никогаш не сме се сретнале?

Според истражувањето на BBC, светот е можеби на чекор до тоа, бидејќи се` поголема е опасноста од топење на поларната ледена кора поради глобалното затоплување, што сигурно ќе ослободи некои од древните микроорганизми заробени во вечниот мраз.


Така, во август 2016 година во оддалечен дел на Сибир, во Јаман Пенисули, починало 12-годишно момче, а уште 20 лица биле хоспитализирани поради ненадејна појава на антракс. Дополнителната истрага покажала на можноста дека пред околу 75 години на тоа место починал ирвас заразен од оваа болест, кој потоа се замрзнал, а во летото 2016 година поради топлината се истопил дел од мразот и вирусот се ослободил. Тој стигнал до почвата и водата и освен луѓето, заразил и убил повеќе од 2.000 вируси.

„Мразот е најдоброто можно окружување во кое можат да преживеат многу микроорганизми, бактерии и вируси, и тоа илјадници години, а сето тоа поради ниските температури, темнината и недостатокот на кислород“, рекол Жан-Мајкл Клавари, за Аикс Маршал Универзитетот во Франција.


Тој напоменал дека во мразот веројатно се наоѓаат микроорганизми кои во минатото предизвикале глобални епидемии кај луѓето и животните, како што е шпанскиот вирус, бидејќи труп од починат човек од оваа болест бил пронајден во тундрата во Алјаска.

Овој став бил потврден и во 2005 година кога научници од НАСА успеале да оживеат бактерија стара 32.000 години наречена Carnobacterium pleistocenium, која исто така се наоѓала на Алјаска. Две години подоцна, успеале да оживеат и бактерија стара осум милиони години, најдена на длабочина од глечер на Антарктикот.


Но, она што најмногу ги загрижува научниците е фактот што сите тие микроорганизми се сосема непознати за денешното разбирање, бидејќи медицината се развила многу години подоцна. Поради тоа не се знае каков ужас би предизвикале тие доколку се ослободат, ниту како светот би се борел со епидемии од глобален размер.

Единствено ни останува да се надеваме дека топењето на мразот ќе ослободи болести со кои како човечки вид некогаш сме се избориле и дека нема да дојде до исчезнување на човекот, пишува BBC.



Спонозорирани линкови

Маркетинг