Xiaomi го претстави својот новитет – Mi 6

Точка

21/04/2017

13:39

733

Големина на фонт

а а а

Компанијата Xiaomi го претстави својот нов модел – Mi 6, за време на настанот во Пекинг.

Овој 5,15-инчен телефон, под својата рамка крие Snapdragon 835, што значи дека е дури третиот телефон кој го има овој процесор од новата генерација. 

Меѓутоа, за разлика од Sony Xperia XZ Premium, Mi 6 прв ќе пристигне во продавниците по Samsung Galaxy S8. 

Имајќи ја предвид големата батерија од 3350 mAh, 6GB RAM, aтрактивниот дизајн инспириран од Galaxy 7 и доста поволната цена од околу 360 долари, Mi 6 се очекува да се стекне со голема популарност на пазарот.

Двојната камера на задната страна ги има истите спецификации како камерата која се наоѓа на iPhone 7.

Овој телефон ќе започне со продажба во Кина од 28. април, а дури подоцна ќе може да се очекува на останатите, но не и на сите пазари. 

Mi 6 доаѓа во сина, бела, сребрена и црна боја, а може да се одбере во две верзии – oд 64GB и 128GB. Во понудата ќе има и посебно издание од керамика, со камера која ќе биде украсена со 18-каратно злато.



Спонозорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk