Туск: Пронајдете сами излез за политичката криза и употребете здрав разум, Иванов: Мојот став за доделување мандат останува непроменет

Точка

03/04/2017

16:16

2.895

Големина на фонт

а а а

"Оваа криза ја задржува вашата земја на патот кон ЕУ. На вас останува да пронајдете демократско решение за излез од ситуацијата во која што се наоѓа земјата" изјави Туск.

Туск на средбата со Иванов најверојатно ќе врши притисок претседателот да го промени својот став, велат дел аналитичари, но не се оптимисти дека нешто ќе се промени.

"Разбирам дека сега не се лесни времиња и дека имате голема одговорност, овие времиња бараат државнички однос и ништо помалку", вака претседателот на европскиот совет му се обрати на шефот на државата, Иванов, по завршувањето на нивната средба.

"Мојата позиција е непроменета - правните и политичките пречки за доделување на мандатот мора да бидат отстранети. Мојата одлука е превентивна. Ни требаат реформи, а не платформи" - инсистирал Иванов, додавајќи  "Уценувана влада е нестабилна влада. На овој начин се нарушуваат добро-соседските односи меѓу Македонија и Албанија, со директно мешање во внатрешните работи на државата" ..

Со моќна порака од лидерите и институциите на ЕУ, претседателот на Европскиот совет рече дека работењето кон постигнување членство на ЕУ и НАТО постојано се покажувало како фактор на единство, единство кое што е многу потребно во нашата земја денес. Туск искажал надеж дека Македонија ќе продолжи да го следи тој внатрешен компас и дека ќе го избегнува се она што може да ги подгрее тензиите меѓудругото и по етничка основа.



"Оваа продолжена криза ја задржува Македонија на нејзиниот евроатланстки пат, а вам ви останува да најдете решение кое ќе биде засновано на демократските начела, пристојност и здрав разум. Само таквото решение може да биде одржливо. Кога ќе го пронајдете можете да сметате на нашата поддршка“, завршил Туск со својот говор на крајот на пресконференцијата.