Берни не сака да биде критикуван

КРУГ.МК

20/03/2017

18:30

860

Големина на фонт

а а а

Берни Еклстон вели дека стои цврсто на својата одлука да ја однесе Формула 1 на нови територии низ светот.

Поранешниот Главен извршен директор на спортот верува дека Бахреин, Кина и Русија може да донесат само корист за спортот.

„Кога ја востановувавме трката во Унгарија, тогаш ја кршевме “железната завеса“. Како што знаеме, договорите кои јас ги имав беа со КГБ. Сакав да излеземе надвор од Европа и поради тоа сметам дека одлично е што сме во Русија и Баку“, објасни Берни во своето интервју за Sky Sports News.

„Господинот Е“ е дециден дека парите не биле клучен фактор во експанзијата на спортот на нови територии.

„Ако се запрашате дали ќе одевме на овие нови територии доколку тие плаќаа исти износи како Европските трки? Одговорот е да. Се надевам дека нема да го прочитаат ова и да мислат дека сум ги ограбил, затоа што тие се возрасни луѓе, сами носат одлуки и се среќни со она што го договоривме. Договорот ни одговараше на нас и им одговараше нив“.

Но, проблемот е што како доаѓаат нови трки во спортот, така дел од старите класични патеки се напуштаат. Во последно време под знак прашалник е Бразил.

„Единствена работа која ме замоли Чејс е кога ќе одам во Бразил да поразговарам со Претседателот и да види дали можам да го убедам да финансира дел од трошоците за трката. Во спротивно, може да ја загубиме трката, што ќе биде штета затоа што истата има 45 години традиција“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг