Што се случува кога ги носите пластичните чизми на Кајли Џенер?

Fashionel.mk

20/03/2017

15:45

4332

Големина на фонт

а а а

Кланот Кардашијан – Џенер веќе долги години е еден од најозборуваните и на многумина најомилени, па оттука сѐ она што ќе излезе оттаму, некако мора да е модерно и добро.

Откако најмалата членка на семејството, Кајли Џенер неодамна го „запали“ Инстаграм со модел од колекцијата на Канје Вест, девојките појавија голем интерес за нејзините чизми.

Имено, станува збор за модел на пластични чизми кои ги носат речиси сите сестри од семејството без никаков проблем во многу шик стајлинзи, но што всушност се случува кога „обична“ девојка ќе се обиде да ги носи?

Асистентката на уредничката на популарниот моден портал Seventeen.com, Келси Стигман, неодамна ги купила токму овие чизми, бидејќи како што самата ќе каже, морала да има еден чифт.

Иако изгледала супер стилски како што и замислувала, се јавиле неколку проблеми со чизмите за кои таа не била предупредена и не ги очекувала.


Првично, имала проблем со тоа како да ги облече, па некако го решила проблемот со тоа што ставила лосион за тело на нозете во мала количина за подоцна да не настане некој проблем.

Откако успеала да ги облече, мислела дека сѐ ќе оди совршено, но тоа воопшто не се случило. До крајот на денот, нејзините нозе биле толку испотени што едвај одела во чизмите.


Иако мислела дека ова и се случува само на неа, Келси почнала да пребарува и други вакви „незгоди“ и всушност за кратко време сфатила дека таа не е единствената.

На социјалните мрежи се појавиле огромен број на фотографии од девојки кои ги носеле овие чизми и им се случила истата работа, па Келси решила да ги сподели на нејзиниот моден портал каде предизвикаа вистинска бура од реакции.


Голема е веројатноста дека ниту овие фотографии нема да ги предомислат младите девојки да ги купат и да ги носат чизмите на Кајли, но светот искрено се надева дека барем малку ќе се замислат!



Спонозорирани линкови

Маркетинг