Некогаш биле симпатични деца, а потоа пораснаа во светски ѕвезди

Точка

20/03/2017

17:10

3628

Големина на фонт

а а а

Тие заработуваат милиони, за нив знае целиот свет и имаат милиони обожаватели, но некогаш и овие големи ѕвезди биле симпатични деца и бунтовни тинејџери. Еве како изгледале тогаш...


Некои од нив доживеале неверојатни трансформации (за повеќето од нив биле заслужни пластични хирурзи и стилисти), но некои можеме веднаш да ги препознаеме.

Адел (28) од симпатично девојче пораснала во една од најпознатите пејачки на денешницата. Неодамна призна дека се омажила, има четиригодишен син, а почна да се зборува дека и втора принова е на пат.


Рајан Гослинг (40) отсекогаш бил вистински шармер, а тоа го докажува и фотографијата од младите денови. Денес е во брак со колешката Ева Мендес (43) со која има две ќерки.


Леонардо Дикаприо (42) е познат по своите улоги и дружењето со долгоноги манекенки, а кога ќе фрлиме поглед на фотки од неговото детство, се чини дека актерот е отпорен на стареење.


Исто како и неговиот колега Џорџ Клуни (55) кој и како дете бил вистински шармер. Денес со неговата сопруга Амал очекуваат близнаци.


Пред улогата во хумористичната серија „Пријатели“ која ја вивна меѓу ѕвездите и пропаднатиот брак со Бред Пит, Џенифер Анистон (48) била преслатко девојче кое, се чини, секогаш знаело да покаже што сака.


Пред платинесто русата коса и црвениот кармин на усните, легендарната Мерилин Монро била само девојче со кадрава коса.


Актерот Џон Траволтa (62) од симпатично бебе пораснал во светска ѕвезда чиј живот беше проследен со многу скандали и контроверзи.


Еден од најпосакуваните холивудски актери моментално се разведува од Анџелина Џоли. Бред Пит (52) се посветил на правењето скулптури, повлекувајќи се во куќата на уметникот Томас Хаусего во Англија.



Спонозорирани линкови

Маркетинг