Страшната криза на глад во Сомалија ги коси животите и на најмалите - Мора да ѝ ставиме крај на оваа трагедија

Точка

20/03/2017

13:28

1.093

Големина на фонт

а а а

Само една недела откако ја сведочевме битката со смртта на шест-месечното бебе Хамди, таа почина во кризата на глад која ја тресе Сомалија, и треба да се покрене свеста за ова за оние кои се во можност да преземат нешто и да се стави крај на страдањата на оваа земја.

"Нејзините тажни крици беа толку слаби, а продорни. Малечката Хамди едвај можеше да се слушне покрај плачот на останатите дечиња во одделението за неухранетост."


"Гледајќи во лицето на очајно болното сомалиско девојче и гримасите од болка, речиси можев да видам како нејзиниот живот се лизга пред моите очи."


Беспомошната шестмесечна Хамди тежела помалку од 3 килограми, исто како просечно бебе кое е штотуку родено - и половина од тежината која таа би требало да ја има на шест месеци.

Родена во епицентарот на најлошата Сомалиска суша (претходна ваква суша се случила во 1950 година) - не заврнало дожд веќе три години, а Хамди се борела со глад од денот кога се родила.


Нејзината глава била покриена со бели дамки, устата црвена од исип, а нејзините очиња болно залепени. Само погледот врз неа инстинктивно ќе ве натера да заплачете.

Лекарите давале сè од себе за да ја спасат, но очигледно таа веќе била премногу болна кога мајка и' (Фадумо, 28) ја донела во болницата.

Од Источна Африка, речиси 363.000 ранливи дечиња се хронично болни од неухранетост, а шест милиони луѓе бараат помош за најосновната потреба - храна.


Повеќе од 20 милиони луѓе се погодени од оваа невидена криза за храна во четири афрички земји, вклучувајќи ги и Јужен Судан, Нигерија и Јемен.


Минатата вечер лекарот Хамед, кој дал се од себе во лекувањето на Хамди, изјави: "Нејзиниот случај е најлошиот кој го имам видено откако започна сушата. Постепено нејзиното здравје се влошуваше, а не можев да направам ништо за да и' помогнам. Немаше начин на кој можевме да ја хидрираме доволно за да закрепне.. Таа не можеше да голта. Исто така имаше инфекција на гастро-интестиналниот систем поврзана со неухранетоста. Нејзината мајка исто така беше прегладнета па немала ни доволно млеко за да ја дои", објаснува лекарот.


"Кога ја известивме дека Хамди почина, таа премногу се вознемири. И' помогнавме околу ритуалот на погребување. Сите бевме премногу тажни. Ова е ужасна работа што се случува овде. Потребна ни е помош!"





Спонозорирани линкови

Маркетинг