19-годишна девојка спиела со малолетник: Останала бремена, а сега мора во затвор поради заведување

Точка

20/03/2017

13:18

3.419

Големина на фонт

а а а

Бремена тинејџерка е обвинета за силување на 14-годишен малолетник, а за работата да биде покомпликувана, момчето е татко на нејзиното неродено дете.

19-годишната Мекензи Лејг Гафеј, била уапсена и обвинета откако на еден листинг го навела името на момчето како татко на детето. При испрашувањето од страна на полицијата, Гафеј открила дека имала секс повеќе пати со момче што го запознала во декември 2016-тата година преку заеднички пријатели.


На полицајците им признала дека останала во куќата на момчето две седмици, објавува Hitstreet. За време на престојот, Гафеј кажала дека снимиле и порно видео, во кое детето се појавува голо, пишува Toronto Sun.




Гафеј, која била ослободена од затворот Џексон Каунти со кауција, сега е во 6-тата седмица од бременоста. Таа е обвинета за второстепено силување, заведување на детето во неморални цели, и поседување и ширење на детска порнографија.

Ако биде осудена, девојката може да се соочи со повеќе од 20 години затвор, и парична казна до 30.000 долари.



Полицајците рекле дека и родителите на детето се под истрага. Бабата на девојката, Пеги Томпсон, за Toronto Sun рекла дека имала тежок живот откако ја напуштиле родителите како дете. Таа рекла дека девојката се заљубила во момчето, а на испрашувањето не покажала каење што била со малолетник.


Спонозорирани линкови

Маркетинг