Силно бомбардирање на истокот од Дамаск по бунтовнички напад

Макфакс

20/03/2017

13:08

448

Големина на фонт

а а а

Силите на сириската влада во понеделникот извеле силно бомбардирање врз позициите на бунтовниците источно до Дамакс, како одговор на бунтовничкиот напад од неделата врз неколку станбени квартови во сириската престолнина.

Состојбата нагло се заостри во неделата со неочекуваната офанзива на бунтовниците предводени од џихадистите од групацијата Џебхата ла-Фатах ал-Шам, којашто 0всушност е преименуваната групација Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда, за која Русија ѝ забележуваше на поранешната администрација на САД дека не успева да влијае врз опозициските бунтовнички групи кои Вашингтон ги поддржува како умерени, во сириската покраина Алепо да се дистанцираат од оваа џихадистичка организација.

Ненадејниот напад имаше цел да отвори ново боиште и така да им се помогне на бунтовниците кои се под жестоки напади на сириските владини сили во трите сунитски предградија на Дамаск, соопшти опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон.

Меѓутоа, силите на претседателот Башар ал-Асад веднаш возвратија со противофанзива потиснувајќи ги бунтовниците, благодарејќи на надмоќноста од воздухот.

Во борбите во неделата загинале најмалку 26 сириски војници и 21 бунтовник и џихадист, според SOHR, но организацијата немала податоци за борбите од понеделникот.

Во четвртокот во Женева, под покровителство на Обединетите нации треба да започне новиот круг од меѓусириските мировни преговори на кошто ќе учествуваат претставници на владата на претседателот Асад и претставниците на разните групации на вооружената сунитска опозиција.


Спонзорирани линкови

Маркетинг