Завршниот турнир во СЕХА ќе се игра во Белорусија

Макфакс

20/03/2017

13:07

1.017

Големина на фонт

а а а

СЕХА лигата потврди дека завршниот турнир во регионалното натпреварување ќе го организира Мешков Брест. Турнирот ќе се игра во Брест, Белорусија од 7-ми до 9-ти април.

СЕХА му ја додели организацијата на завршниот турнир на Мешков Брест кој во последното коло успеа да избори пласман меѓу најдобрите четири екипи во регионалното натпреварување.

Македонскиот првак Вардар регуларниот дел од сезоната ја заврши на првата позиција пред Веспрем, Мешков Брест и ППД Загреб.

Полуфиналните натпревари ќе се одиграат на 7-ми април, а двојките се Вардар-ППД Загреб и Веспрем-Мешков Брест, додека натпреварот за третото место и мечот за титулата ќе се одиграат на 9-ти април.

Од СЕХА соопштија дека завршниот турнир ќе биде пренесуван во девет земји, а сатницата за одигрување на натпреварите ќе биде дополнително одредена.


Спонзорирани линкови

Маркетинг