Рабио открива: Не требаше да играм со Барселона, но…

Дерби

20/03/2017

12:51

1.150

Големина на фонт

а а а

Младиот играч од средината на теренот, Адриен Рабио откри дека не требало да игра на реванш натпреаврот против Барселона во Лигата на шампионите на кој ПСЖ доживеа тежок пораз од 6-1, а со тоа и елиминација од најеминентното и најквалитетното натпреварување.

„Светците“ одиграа катастрофално на „Камп Ноу“, беа немоќни против мотивараните каталонци, а за тоа жали Рабио кој инсистирал да настапи на оваа средба иако имал инфекција на градите.

- Играв со инфекција на градите. Сакав да играм на таа средба, а тоа не беше најдобра одлука. Сега сум во ред, но жалам за тоа зошто не бев 100 проценти подготвен. Можеби требаше некој друг да го заземе моето место. Јасно беше дека имав проблеми без разлика на тоа што мојата партија немаше влијаение врз конечниот резултат, - истакна Французинот по триумфот над Лион.


Спонозорирани линкови

Маркетинг