Афера "Говедско": Европа преплавена со расипано месо од Бразил, амбасадорот на ЕУ бесен: "Сакам објаснување!"

Точка

20/03/2017

17:14

3.564

Големина на фонт

а а а

Бразилскиот претседател Мишел Темер, од петни жили се обидува да го разубеди светот дека бразилската месна индустрија не претставува закана, и покрај откритието на полицијата дека големите извозници продавале расипано говедско и живина со фалсификувани инспекциски потврди.

Мишел Темер се состанал во Бразилија со претставници од месната индустрија, министерот за земјоделие Беира Маги и министерот за трговија Маркос Переира, за да пронајдат решение за кризата која ја предизвикал скандалот со продажбата на расипано месо. Потоа уследил состанок со амбасадорите, пренесува порталот Index.hr, повикувајќи се на пишувањето на France Presse.


Бразил е водечки извозник на говедско и пилешко во светот, и има клиенти во околу 150 земји. Сега се соочиле со тврдења од полицијата дека произведувачите на месо со години ги подмитувале санитарните инспектори за да одобрат продажба на расипано месо. Уапсени биле најмалку 30 луѓе, а полицијата пребарува и повеќе од 10 погони за преработка на месо.

Министерството за земјоделие објавило дека се затворени фабрики за преработка на пилешко месо на мултинационалната компанија "BRF", и два погона на бразилската компанија "Peccin".


Засега не е познат ниеден случај на болест поради консумирање на расипано месо.

Секретарот за земјоделска заштита, Луис Едуардо Пацифици Рангел, изјавил пред новинарите дека квалитетот на бразилското месо во целина не е доведен во прашање.

"Информацијата за корупција и криминално здружување која ја разоткрила полицијата навистина загрижува. Но, гледно од санитарна перспектива, целосно сме уверени дека проблемите споменати во истрагата не претставуваат ризик ни за населението ни за извозот", рекол службеникот за новинарите пред средбата со бразилскиот претседател.


Ниеден производ на BRF не содржи картон

Месната фабрика "BRF" не содржи картон. Дошло до големи грешки во снимките на полицијата, стои во соопштението на компанијата.

Бразил поради скандалот би можел да ги изгуби клиентите. Главните пазари им се Саудиска Арабија, Кина, Сингапур, Јапонија, Русија, Холандија и Италија.

Минатата година Бразил извезол пилешко во вредност од 5,9 милијарди долари, и говедско во вредност од 4,3 милијарди долари, покажуваат податоците на бразилската влада.


Претседателот Темер се плаши дека скандалот неповолно ќе влијае на обидите за постигнување на договор за трговија помеѓу јужноамериканското здружение "Mercosur" и Европската унија.

Амбасадорот на ЕУ во Бразил, Жоао Кравињо, во неделата на социјалната мрежа Твитер напишал дека "бара итно и целосно објаснување од бразилското министерство за земјоделство".




"Вистина е дека ситуацијата ги компликува преговорите", признал бразилскиот генерален заменик секретар за економски и финансиски работи во министерството за надворешни работи, Карлос Марсио Козендеј.

"Гледно од перспектива на криминал и корупција, нема сомнение дека станува збор за многу сериозен инцидент", рекол Козендеј за AFP.

Властите не објавиле детали за локациите на кои се пронајдени расипани производи. Наведуваат само дека во одредени случаи биле користени канцерогени материи за да се покрие мирисот на расипаното месо.

Покрај компанијата "BRF", под истрага е и "JBS".


Спонозорирани линкови

Маркетинг