"Меџик е мојот херој. Ми го спаси животот повеќе од 3.500 пати!"

Точка

20/03/2017

12:16

3.342

Големина на фонт

а а а

За повеќето луѓе, легнувањето во кревет пред спиење по напорниот ден е нешто што одвај го чекаат. Но не и за Клер Пестерфилд. Легнувањето во кревет пред спиење за неа е најлошиот кошмар.


Клер Пестерфилд има дијабетис тип 1, но за разлика од околу 415 милиони луѓе ширум светот со оваа дијагноза, Клер нема никакви симптоми кога нејзиниот шеќер во крвта ќе достигне опасно ниво. За да биде сигурна дека нема да има напад или да падне во кома, Клер мора постојано да го проверува нивото на шеќер во крвта - и преку ден и преку ноќ.


"Ги корситев сите можни технолошки помагала, но тие не ме предупредуваа на време за да го спречам нападот или да го ублажам", раскажува Клер за BBC. "Во текот на ноќта се будев на секој саат и го проверував нивото на глукоза во крвта и се обидував да предвидам кога би можела да го имам следниот напад. Исцрпена сум до смрт. Многу пати го одложував легнувањето навечер од страв дека нема да се разбудам."


Сето ова се променило кога во својот дом го донела Меџик, обучено куче кое е способно да ја почувствува разликата на глукозата во крвта. Наместо постојано да ја проверува сама, Клер сега конечно може да се опушти знаејќи дека Меџик веднаш ќе ја предупреди, дури и во текот на ноќта.


"Меџик веднаш ме предупредува, дури и 30 минути порано, за да можам нешто да направам за да го спречам нападот. Без него ќе морав да продолжам да се тестирам на секои 20-30 минути"..



"Во овие три ипол години колку што сме заедно, ме има предупредено, а со тоа и спасено животот, околу 3500 пати. Знам дека без него денес немаше да бидам жива. Сега ни мојот сопруг повеќе не се грижи дали во утринските часови кога ќе се разбуди ќе ме најде мртва. Конечно можеме да спиеме мирно."




Спонзорирани линкови

Маркетинг